Бил Гејтс предупредува на т.н. „вакцинален национализам“

Фото: EPA-EFE/OLIVIER CHASSIGNOLE

Американскиот милионер и основач на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс денеска предупреди на т.н. „вакцинален национализам“ и „невнимателен пристап“ кон пандемијата на ковид-19, нагласувајќи дека е време за нејзино прифаќање како дел од нормалноста.

Тој во интервју за „Зидојче цајтунг“ истакна дека пандемијата и припаѓа на новата нормалност, како и земјотресите, торнадата и климатските промени.

Гејтс посочи на лицата кои носат одлуки дека не се подготвиле за ковид-19, и покрај повторуваните предупредувања за веројатноста на пандемијата и лут е за недостигот на јасна комуникација за опасностите од болеста.

– Ужасно е што постојано треба да ги молиме луѓето да се жртвуваат за да спасиме животи. Мора да ги научиме лекциите, рече Гејтс и додаде дека наредната пандемија би можела да биде и десет пати полоша од тековната и дека не сме подготвени за неа.

Тој оцени дека ќе треба да мине голем дел од годината за луѓето да се вратат во нормала и укажа на неопходноста на меѓусебна соработка на земјите, бидејќи, како што рече, „нитуи една не може сама“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот