Бил Гејтс очекува за една година ковид-19 да биде на ниво на сезонски грип

Бил Гејтс / Фото: Профимедиа

Основачот на Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс, на прес-конференција во Сингапур изјави дека верува оти бројот на луѓе кои умираат од коронавирус „значително” ќе се намали со зголемувањето на бројот на вакцинирани лица, но и со достапноста на нови лекови. Тој прогнозира дека за една година болеста ќе биде на ниво на сезонски грип.

Американскиот милијардер беше интервјуиран за време на новиот економски форум на Блумберг и во таа прилика изјави дека бројот на починати и заразени од Ковид до средината на 2022 година би можел да го достигне нивото на сезонски грип, но под услов да не се појави нова варијанта на вирусот.

Гејтс посочи неколку причини зошто верува дека ќе се намали бројот на трансмисија.

Тој рече дека се повеќе луѓе ќе развиваат природен имунитет, ќе има повеќе вакцини и ќе станат достапни антивирусни лекови, пренесува „Фокс бизнис”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот