Бил Гејтс на Твитер: А зошто би им вградувал чипови на луѓето?

бил гејтс Profimedia
Бил Гејтс / Фото: Профимедиа

Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, на социјалните мрежи, меѓу другото, коментираше и теории на заговор, во кои често негвото име се споменува во негативен контекст.

Во преписка на Твитер со професорката Деви Сридар од Универзитетот во Единбург, тој коментираше за теоријата на заговор дека тој лично е одговорен за вакцинацијата против коронавирус, вградувајќи чипови во човечки тела.

„Луѓето како мене и Ентони Фаучи (главниот американски инфектолог) се предмет на многу дезинформации. Не го очекував тоа. Нема смисла да ви кажам сега – не сакам да го уништам изненадувањето. Зошто би го направил тоа?“, праша реторички Гејтс, кој е коосновач на Мајкрософт.

Неговата 24-годишна ќерка Џенифер, која студира медицина, во февруари минатата година по вакцинацијата се пошегува на сметка на теоретичарите на заговор.

„За жал, вакцинацијата не ми ја всади генијалноста на татко ми во мојот мозок. Камо mRNA ја имаше таа моќ “, рече таа.

Во кореспонденција, што можете да ја проследите на Твитер, Бил Гејтс истакна дека очекува наскоро да заврши пандемијата на коронавирус и овој вирус да се третира како сезонски грип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот