Бил Гејтс: На социјалните мрежи се шират луди и злонамерни теории на заговор

Бил Гејтс / Фото: Профимедиа

Филантропистот и коосновач на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс изјави дека е изненаден од бројот на, како што кажува тој, „луди и злонамерни“ теории на заговор за него кои се шират на социјалните мрежи во време на пандемијата на коронавирусот.

Во интервју за Ројтерс, Гејтс изјави дека би сакал да разгледа што стои навистина зад таквите обвинувања и констатираше дека зад милионите објави на социјалните мрежи против него и американскиот инфектолог Ентони Фаучи за време на пандемијата се крие стравот од заразата во комбинација со експанзијата на социјалните мрежи.

„Кој би помислил дека д-р Фаучи ќе биде мета на такви, навистина злонамерни теории. Многу сум изненаден и се надевам дека тоа ќе престане“, рекол Гејтс.

Меѓу бројните теории за заговор на сметка на Гејтс и д-р Фаучи најзастапени се оние дека пандемијата е намерно предизвикана за да се воспостави контрола над граѓаните, а дека вакцината се користи за луѓето да се чипираат со што би биле набљудувани и ќе им се контролира движењето.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот