Бил Гејтс ќе донира 10 милиони долари против ширење на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Средствата ќе бидат поделени подеднакво помеѓу Кина и центрите за контрола и спречување на болести во Африка.

Основачот на „Мајкрософт”, милијардерот Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда ќе донираат 10 милиони американски долари за мерки против ширење на коронавирусот во Кина и Африка, се наведува во соопштение објавено на веб-страницата на фондацијата.

– Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс денеска објави дека ќе додели 10 милиони американски долари помош и соодветна техничка поддршка за да им помогне на оние кои се борат со ширењето на вирусот во Кина и Африка. Ова ќе ги зајакне напорите за спречување на глобалното ширење на коронавирусот, се наведува во соопштението.

Средствата ќе бидат поделени подеднакво помеѓу Кина и центрите за контрола и спречување на болести во Африка.

Најмалку 80 лица починаа од коронавирусот, а само во Кина се заразени 2.744 лица.

Вирусот од Кина продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД.

Засега нема смртни случаи надвор од Кина, додека заразени се регистрирани во Хонг Конг, Макао, Тајван, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, САД, Канада, Виетнам, Сингапур, Непал, Австралија, Малезија и Франција.

Околу 60 милиони луѓе се во делумен или целосен карантин, бидејќи кинеските власти забранија влез и излез од градот Вухан, каде што се појави вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот