Бил Гејтс: Ќе беше уште полошо ако не потрошев две милијарди долари на вакцини, на есен, сè ќе биде понормално

Бил Гејтс/Фото: Профимедиа

Основачот и филантроп Бил Гејтс во интервју за Wired, посветено најмногу на неговата книга „Како да се избегне климатска катастрофа“, се осврна и на кризата која ја наметна коронавирусната пандемија.

„Никој не може да произведе 14 милијарди дози вакцина преку ноќ. Серумската фабрика за вакцини АстраЗенека денес произведува повеќе од која било друга фабрика во светот благодарение на нашето финансирање. Проблемот е во еднаквоста околу вакцините. Вакцините на Фајзер и Модерна се прилично скапи и се одлични решенија за богатите земји, но проблемот се јавува меѓу земјите во развој и нема да може брзо да се реши. Направивме повеќе за мРНК методологијата од која било друга организација. Но, тоа не беше подготвено. Ниту една вакцина што ја користи оваа технологија не е одобрена. Да се случеше пандемијата за пет години, мРНК ќе беше стабилна платформа во однос на трошоците, времетраењето и производствениот капацитет. Но, потрошив две милијарди долари и знам дека ќе беше уште полошо ако не ги потрошев“, рече Гејтс.

Тој е оптимист и прогнозира дека нема да помине уште многу време кога животот ќе почне да се враѓа во нормала и кога ќе можеме да се вратиме на конференции и да гледаме филмови во кината.

„На есен, сè ќе биде понормално. Би бил изненаден ако тогаш бидат затворени уште неколку училишта. Треба дополнително да ја зголемиме стапката на прифаќање на вакцините во заедниците со ниски примања. Прифаќањето е сè уште под стандардот. Треба да бидат испратени најпаметните луѓе да покажат дека земаат вакцина и дека делува. Мислам дека властите го прават тоа. Но, дури и ако успееме да го зголемиме нивото на покриеност, нема да го имаме целиот ефект. Во остатокот од светот, таквото ниво на покриеност нема да биде достигнато до крајот на 2022 година. Порано требаше по 20 години за вакцини да стигнат од богатите земји во сиромашните и земјите во развој. Значи, подобро е, но сепак не е доволно добро“, заклучи Гејтс.

Извор:Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот