Бил Гејтс ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот: Се чувствувам прекрасно

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ја прими првата доза од вакцината против коронавирус. За ова тој денеска соопшти на Твитер и објави фотографија.

Гејтс наполни 65 години, и со тоа влезе во оној дел од популација во САД кој може да се вакцинира.

-Неделава јас ја примив првата доза и се чувствувам прекрасно, истакна милијардерот. Тој им се заблагодари на научниците, волонтерите, регулаторите и здравствените работници од првите борбени линии заради кои дојдовме до ова, напиша Гејтс.

Тој не соопштува каква вакцина примил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот