Бил Гејтс и семејството дел од годишниот одмор го поминаа во Црна Гора

Милијардерот Бил Гејтс дел од својот годишен одмор со својата сопруга Мелинда и трите деца го поминале во Црна Гора.

Тие престојувале во хотелот „Риџент“ во ексклузивниот наутичко-туристички центар Порто Монтрнегро, потврдиле за „Вијести“ неколку гости.

Според весникот „Побједа“, Бил Гејтс, во средата посетил неколку привлечни локалитети на северот на земјата.

Со оглед на тоа што Бил и семејството биле опкружени со многу телохранители било невозможно да се пристапи до нив или да се фотографираат.

Како што рекле некои од гостите во хотелот, Гејтс и неговото семејство се многу едноставни и спонтани луѓе. Основачот на „Мајкрософт“, наводно, бил особено импресиониран од атрактивноста и убавината на заливот на Бока Которска. Тој бил и на рафтинг на Тара.

Гејтс, според „Форбс“, има богатство вредно 100 милијарди долари, што го прави втор најбогат човек на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот