Бил Гејтс го гледа крајот на пандемијата – еве го неговото ново предвидување

бил гејтс Profimedia
Бил Гејтс / Фото: Профимедиа

Светот би требало да се врати во нормала до крајот на 2022 година благодарение на вакцините против ковид-19, рече Бил Гејтс,  американски милјардер и коосновач на Мајкрософт.

„Ова е неверојатна трагедија“, изјави Гејтс во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“ и за телевизијата ТВН24, додавајќи дека единствена добра вест е пристапот до вакцините.

-До крајот на 2022 година, во основа би требало целосно да се вратиме во нормала, рече Гејтс.

Бил Гејтс е милијардер кој во 2014 година даде оствака на местото претседател на Мајкрософт и низ својата филантропска „Фондација Бил и Мелинда Гејтс“ вложи најмалку 1,75 милијарди долари во глобалниот договор за пандемијата од ковид-19.

Тоа подразбира поддршка за некои произведувачи на вакцини, дијагностика и потенцијални третмани.

Платформата Ковакс, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалната алијанса за вакцинација и имунизација (ГАВИ), има за целс да обезбеди две милијарди дози вакцини за земјите со пониски примања до крајот на 2021 година, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот