Бил Гејтс: Ако не ја спречиме пандемијата на планетата, вирусот ќе продолжи да се враќа

Фото: EPA / Pete Marovich

Сите земји во светот мора да се обединат за да ја спречат пандемијата на коронавирусот, порача Бил Гејтс, основач на компнијата „Мајкрософт” и копретседавач на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс”, во новата онлајн издание на њујоршкото списание „Тајм”.

– Пандемијата влијае на здравјето на луѓето и економијата, во сите делови на светот, без исклучок. Борбата против ширењето на вирусот започнува во секоја земја, но не смее да застане тука, рече Гејтс.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, тој порача дека сите земји мора да работат заедно во борбата против вирусот.

– Додека не ја спречиме пандемијата на планетата, вирусот ќе продолжи да се враќа, предупреди Гејтс.

Бил Гејтс: Смртноста од коронавирус може значително да се намали до крајот на годинава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот