Бил Гејт пред два месеци го предупредил Рафа Надал за коронавирусот

твитер

Тони Надал, вујкото на Рафаел Надал, во изјава за радио емисијата „El Transistor“ открива детали од средбата помеѓу тенисерот и еден од најбогатите луѓе на планетата, Бил Гејтс, за време на егзибицијата во Јужна Африка.

Рафа во февруари во Јужна Африка зборуваше во првиот човек на Мајкрософт, Бил Гејт, кој уште тогаш му кажа дека ќе се закомпликуваат работите со коронавирусот и тоа што се случува во Кина. Не знам дали човештвото ќе се смени по ова но ми се чини дека некако луѓето брзо забораваат и поради тоа е потребно малку да размислиме за се што се случува – изјави Тони Надал за радионот Онда Серо.

Тој верува дека пандемијата на коронавирусот ќе биде победена кога ќе се открие лек на кој моментно работат и Бил Гејтс и сопственикот на фудбалскиот клуб Хокенхајм, Дитмар Хоп.

Ќе биде тешко се додека не најдеме лек или вакцина. Дотогаш не очекува неизвесност и опасност во борбата со овој вирус. Најважно е да зачуваат човечките животи, а гледам дека во многу земји политичарите ја потценуваат состојбата. Мораме да го отфрлиме фанатизмот кој е едно од најголемите зла во модерното време. Проблемот со политиката е тоа што политичарите сметаат дека се поважни од научниците и експертите. Мислам дека овој пат политичарите мора да дадат последниот збор да биде на експертите и научниците – додава Тони Надал.

Интересно е што вујкото на Рафаел Надал не е многу потресен од откажувањето на Вимблдон.

Немам некоја преголема желба за тенис во овие моменти. Ќе има време и за Вимблдон и за турнирите во Мајорка, тоа воопшто не ме загрижува, тоа што ме загрижува во овие моменти е што многу луѓе умираат. Почнавме да се воздржуваме од самокритики и критики, но мора да започнеме да се преиспитуваме и за други работи, да видиле дали можеме да бидеме подобри. Сакам секогаш ние да бидеме во право, но често пати вистината е таа што не сакаме да ја слушнеме – предупредува Тони Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот