Бил бездомник на 19 години, а денес заработува и до 3.000 фунти месечно од социјалните мрежи

Instagram

Поранешниот стјуард Дејв Аника од градот Хоршам во Англија, решил да гради кариера на социјалните мрежи откако во октомври минатата година бил отпуштен од работа во авиокомпанијата „SAS Scandinavian Airlines“.

„Веќе работев на социјалните мрежи, но тоа беше повеќе како хоби и дополнителни пари на страна. Кога ме отпуштија од работа, решив повеќе да се посветам, долго размислував за тоа. Беше ужасно што ја изгубив работата, вложив сè што имав за да станам стјуард и ми беше многу тешко“, изјави Дејв.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daveanica London blogger (@daveanica)

Тој е по потекло од Португалија и моментално живее со неговиот партнер Лиам. Кога останал без работа, Дејв имал 24.000 следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“ и 200.000 следбеници на „ТикТок“. Сега има над 31.700 следбеници на „Инстаграм“ и 457.000 следбеници на „ТикТок“, а неодамна си отворил и свој канал на „Јутјуб“.

Впуштањето во социјалните мрежи било „скок во непознатото“ за него, но Дејв знаел дека може да се справи затоа што кога бил тинејџер спиел на улица.

Имено, на 19-годишна возраст се преселил во Париз за да студира танц со само 800 евра в џеб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daveanica London blogger (@daveanica)

Добив работа во клуб, но останав без пари додека ја чекав првата плата. Тогаш ми го украдоа паричникот во метро и сфатив дека немам доволно пари. Четири дена не можев да си платам ноќевање во хостелот во кој престојував, а чинеше само 15 евра за една ноќ. Но, бев премногу горд и не кажав на никој дека имам проблем, не побарав помош и продолжив да се однесувам како ништо да не се случило. Се туширав на факултет, никој не ме прашуваше ништо, иако со себе постојано носев торба“, вели Аника.

Секоја вечер откако ќе завршел со предавањата на факултет, Дејв времето го поминувал во „Старбакс“ додека не затворат, а потоа спиел на улица…

Тогаш имав само 19 години и сè уште не зборував добро англиски. Имав многу среќа што никој не се обиде да ме нападне. Тоа беше најлошото искуство во мојот живот и мислев дека нема да успеам“, рече тој.

Само шест месеци по тој ужасен период, Дејв имал можност да настапи на националната телевизија како придружен танчер на популарниот француски пејач Дени Брилант.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daveanica London blogger (@daveanica)

За една година танцував на националната телевизија, а потоа добив можност за работа на кореографија за тв-емисија во Бејрут, Либан. Одеднаш имав доволно пари, па дури успеав да купам куќа во Париз, што значеше дека моите родители и брат ми ќе можат да дојдат во Франција. Тоа беше многу важно за мене. Имав можност или да отворам свое училиште за танц или да купам куќа и решив да го направам тој чекор“, тврди Дејв.

Но, неговата танчерска кариера наскоро завршила неславно, бидејќи си го повредил коленото. По враќањето од Либан, кратко работел како наставник по танц во Париз. Потоа, на неговиот 22 роденден, отишол во Лондон на една прослава и на крај се преселил таму за да студира ресторански менаџмент. На крај станал стјуард и во таа индустрија работел пет години пред да биде отпуштен.

Сметам дека сум влијателен на социјалните мрежи со мојот стил на живот. Ова го правам веќе шест години, а мојот профил на „ТикТок“ е нешто сосема поинакво. Го искористив своето работно искуство како стјуард и таму правам скечеви“, објаснува тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daveanica London blogger (@daveanica)

Дејв сега заработува помеѓу 2.000 и 3.000 фунти месечно само од „Инстаграм“, благодарение на договорите со познати брендови.

Обично станувам во 7:30 часот наутро и не завршувам со работа до 19 или 20 часот. Првото нешто што го правам секое утро е да објавам нешто на „Инстаграм“ и да ги погледнам коментарите од претходниот ден. Потоа снимам два до три часа за „ТикТок“, а потоа и за „Инстаграм“. Дел од денот го поминувам во истражување или пишување скрипти за скечеви, бидејќи објавувам по нешто секој ден. Некои луѓе ми велат дека мојата работа е прилично лесна затоа што е нова и не ја разбираат, но секогаш им велам дека е „потешко отколку што изгледа“. Тука има многу работни места споени во една, но луѓето не го разбираат тоа“, објасни тој.

Горд сум на моето потекло и на сè што постигнав, но без моите следбеници не би бил таму каде што сум и ако треба да се заблагодарам некому, тоа се тие. Затоа е важно да воспоставите врска со вашите следбеници, бидејќи тие секогаш ќе бидат тука за вас“, заклучи Дејв, пишува „The Sun“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот