Бијонсе ја поддржа Меган Маркл: „Tи благодарам за храброста“

Profimedia
Profimedia

Откако беше објавено шокантното интервју на Опра Винфри со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, се огласи и познатата пејачка Бијонсе, која ја поддржа војвотката од Сасекс.

Пејачката објави јавна поддршка упатена кон Меган на својата официјална веб-страница проследена со нивна заеднички фотографија, која е направена на премиерата на анимираниот филм „Кралот лав“ во 2019 година, во Лондон.

Profimedia
Profimedia

Ти благодарам Меган за храброста и лидерството. Сите сме зајакнати и инспирирани поради тебе, пишува во објавата на Бијонсе, а истата ја сподели и на социјалните мрежи.

На оваа премиера војводата и војвотката од Сасекс имаа можност да запознаат бројни актерски ѕвезди кои им го позајмуваа гласот на главните ликови во филмот. Меѓу нив, Меган ја запозна музичката дива Бијонсе, која и го позајмува гласот на лавицата Нали во филмот, како и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи.

Profimedia
Profimedia

Меган за настанот носеше црн фустан со долги ракави, потпишан од дизајнерот Џејсон Ву. Изгледот го комплетираше со црни чевли на висока потпетици и чанта Гучи во иста боја, додека принцот Хари на премиерата пристигна во класично црно одело, бела кошула и црна машна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот