Бијонсе изгледа неверојатно во новата кампања за спортска облека во соработка со „Adidas“

Instagram

Најавата за најновата колекција на Бијонсе во соработка со брендот за спорска облека „Adidas“ доби позитивни реакции од јавноста.

Instagram

 

Бијонсе на социјалните мрежи сподели фотографии на кои е во улога на модел на најновата спортска облека.

 

Со неутрално свежа шминка и долга и лелеава коса, таа ги презентираше новите модели од последната соработка на „Ivy Park“ и „Adidas“ кои вклучуваат спортска облека за велосипедизам, диксери, „sweat suits“, боди и слично.

 

Instagram

 

Пејчаката направи интересен спој на спортската облека со различни модни комбинации во препознатлива минималистичка естетика.

 

Instagram

 

Ова е втора соработка на колекција за спортска облека, откако колекцијата која беше пуштена во јануари беше карактеризирана со претежно монохроматска тема. Оваа колекција се одликува со поживописен и разновиден спектар на бои, како неон-жолта, смарагно зелена и „minty blue“.

 

Instagram

 

Бијонсе најпрво сподели тизер на нејзиниот Инстаграм профил, навестувајќи го изгледот и естетиката на претстојната колекција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот