Бијонсе храбро ги прошета „фелните“: Новите фотки откриваат дека дивата повеќе не се изгладнува! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Веќе неколку недели светските медиуми пишуваат дека Бијонсе (38) ја променила тежината, но музичката дива во последно време изгледа се поприродно, негувајќи изглед преку кој ги празнува облините и корените, за разлика од почетоците на нејзината музичка кариера.

Меѓутоа, будните папараци на 17 ноември ги сликаа Бијонсе и Џеј Зи кога тргнале на нивната јахта, а друштво им правеле нејзината мајка Тина Ноулс и нејзиниот сопруг Ричард Ловосно.

Фото: Профимедиа

На фотографиите се забележува дека Бијонсе на себе носела фустан во актуелните циглесто-бакарни тонови, кој всушност доловува дека дивата целосно ја трансформира својата линија, наспроти застарените холивудски стандарди за „совршено тело“.

Околу изборот на гардероба, како и фактот дека и понатаму е убава и негувана – нема дилема, но очигледно е дека Бијонсе нема линија каква што имаше. Сепак, пејачката фантастично се носи со новата фигура, а дека е среќна со изборот, се забележува од нејзината самодоверба.

Музичкта дива во марината во Форт Лодербдеј на Флорида покажа „фелна“ околу стомакот, а фотографиите ги препливија светските сајтови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот