БиХ во недела гласа за нова влада

БиХ избори/ Фото EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Граѓаните на Босна и Херцеговина во недела ќе гласаат за нова влада, која ќе се соочи со најдлабоката политичка криза од крајот на војната во 1995 година, а некои од политичките лидери во земјата ги означија овие избори како најважни од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор.

Централната изборна комисија (ЦИК) во август го финализираше избирачкиот список, во кој има 3.368.666 гласачи, а нешто помалку од 70.000 добиле согласност да гласаат по пошта од странство.

На овогодинешните избори во Босна и Херцеговина учествуваат дури 90 политички партии, 38 коалиции и 17 независни кандидати, кои повторно се рекордни бидејќи во секој изборен циклус во таа земја се појавуваат се повеќе партии.

Споредено со изборите од претходните години, гласачите ќе бидат пречекани со одредени технички промени на избирачките места, чија цел е да се спречи фалсификат.

На 2 октомври гласачите ќе имаат можност да изберат меѓу 7.743 кандидати за позиции на различни нивоа меѓу властите.

За што се гласа?

Тројца членови на Претседателството на БиХ ќе бидат директно избрани, од кои двајца од територијата на Федерацијата БиХ, а еден од Република Српска.

Директно се избираат 42 пратеници во Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, 98 пратеници во Претставничкиот дом на Федерацијата на Босна и Херцеговина и 83 пратеници во Народното собрание на Република Српска.

На изборите на 2 октомври, гласачите од територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина ќе избираат нови претставници во собранијата на десет окрузи во тој ентитет, додека оние кои живеат во Република Српска ќе одлучуваат за новиот претседател и потпретседателите на тој ентитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот