БиХ: Состојбата со поплавите се смирува, загрозените се евакуирани

Поплава во Босна, граѓаните евакуирани/ Фото: ЕПА

Состојбата со поплавите во БиХ денеска е помирна, а припадниците на службата за цивилна заштита Нови Град и ГШ С Нови Град Сараево во текот на ноќта беа на терен во поплавените подрачја и ги евакуираа загрозените граѓани, носејќи им храна и други потреби, објави Танјуг. 

Екипите ги евакуираа луѓето од населбата покрај реката Босна, која се излеа од коритото во реонот на населбите Доброшевиќи, Рељево, Рајловац и Рајловачко поле, пренесува порталот Klix.ba.

ВИДЕО | Драматична слика од околината на Сараево: Надојдена река се заканува дека ќе проголта бензинска пумпа и мотел

Голем број граѓани се засолниле од водата на катовите од нивните куќи каде практично останале заробени, без доволно храна, па припадниците на службата за цивилна заштита ги евакуирале и им донеле основна храна и вода.

Поплавени се повеќе од 400 згради на територијата на Пале, Трново, Соколац и Источно Сараево, потврди за РТРС Милан Новитовиќ, директорот за цивилна заштита на Република Српска.

Тој посочи дека реките се во коритата и дека сега останува да се испумпува водата од домаќинствата.

Но, според Новитовиќ, засега нема доволно пумпи, но се работи на решавање на тој проблем.

Катастрофалната состојба во поплавената сараевска населба Отес полека се нормализира, иако некои делови се уште се под вода, главно подземни гаражи.

Цивилната заштита на кантонот Сараево известува дека реките се стабилни и во нивните корита.

Реката Жељезница која вчера се излеа во одредени предели се врати во коритото, но направи големи проблеми во Илиџа каде поплави бројни објекти.

Меѓу загрозените објекти се и бензинска пумпа и мотел на компанијата САС Петрол, кои се наоѓаат на патот од Сараево кон Фоча.

Овој патен правец во моментов е затворен за сообраќај.

Нивото на Миљачка моментално е стабилно.

Видео на денот