БиХ прв предизвик за македонските одбојкари во Европската сребрена лига

Македонските одбојкари атакуваат на триумф во Скопје против БиХ/ Фото: facebook.com/volleyballmkd

Денеска со почеток од 20.15 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје македонската машка одбојкарска репрезентација ќе игра против Босна и Херцеговина во првиот натпревар од Европската сребрена лига.

Од Одбојкарската федерација на Македонија најавуваат дека влезот за вечерашниот меч е слободен за сите љубители на одбојката и спортот.

Во рамките од нашата група „Б“ во вторникот селекцијата на Романија триумфираше на гостувањето кај Албанија со 1:3 (19:25, 21:25, 27:25, 14:25).

Токму против најдобрите албански одбојкари двапати тестиравме во Маврово пред доаѓањето во Скопје, имавме половичен успех од победа и пораз.

Капитенот Никола Ѓоргиев не ја потценува босанската селекција, ветува дека заедно со неговите репрезентативни колеги ќе се борат за секоја топка, за секој поен.

Во Европската лига трипати бевме второпласирани во 2015, 2016 и 2017 година, а со бронза се закитивме во 2014 година. Лани загубивме во финалето на Европската сребрена лига од селекцијата на Данска со резултат 1:3 во Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот