БиХ: Премиерот и другите осомничени во аферата со респираторите пуштени на слобода

Под истрага се поради сомнение за „местење“ тендер при купување стотина респиратори за болниците во Федерацијата БиХ.

Судот во Сараево ги пушти на слобода премиерот на Федерацијата БиХ Фадил Новалиќ и уште двајца осомничени за спорното купување на респиратори за време на епидемиајта со коронавирус.

Наместо едномесечен притвор што го побараа тужителите, судот одлучи дека можат да се бранат од слобода, но со рестриктивни мерки, вкулувајќи и забрана за контактирање со потенцијални сведоци и меѓуседно состанување.

Покрај Новалиќ пуштени се и директорот на Цивилната заштита Фахрудин Солак и Фикрет Хоџиќ, сопственик на компанијата „Сребрена малина“.

Новалиќ, Солак и Хоџиќ се осомничени за здружување поради вршење на кривично дело, злоупотреба на службената положба, перење пари, примање мито и фалсификување или уништување на службена документација.

Под истрага се поради сомнение за „местење“ тендер при купување стотина респиратори за болниците во Федерацијата БиХ. Стотина машини набавени од Кина со непосредна спогодба на Цивината заштита и „Сребрена малина“ не одговараат на пропишаните спецификации, а цената од 5,3 милиони евра е поголема од пазарната.

Партијата на Новалиќ СДА оцени дека судската одлука е доказ дека случајот против него е монтиран.

Единствена цел била да се задржи Новалиќ во притвор и така да се осигури „слабеењето на бошњачкиот фактор“ во ентитетската власт, соопшти партијата и побара смена на главната обвинителка Гордана Тадиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот