4 C
Скопје

БиХ ни во март нема да добие вакцини од Ковакс

Босна и Херцеговина ниту во март нема да добие вакцини преку заедничкиот механизам Ковакс, според документ што го примило Министерството за цивилни работи на БиХ од Канцеларијата на Ковакс.

Како што дознава порталот кликс.ба, во писмото се наведува дека на 29 јануари на БиХ и било јавено дека ќе добие 23.400 дози вакцини Фајзер, под услов да ги исполни наведените услови, а тие, како што велат од Ковакс, не се исполнети.

Конкретно, се наведува дека според длабинската анализа на Фајзер за секоја земја, БиХ не ги завршила своите обврски.

Ова првенствено се однесува на барањата на „ултра ладниот ланец” за чување на вакцините, но и на обврските што се од правен и административен домен.

Прочитајте и...  Бугарски замешателства во македонските работи

– По неколку разговори со Фајзер во последните три недели, со жалење ве известуваме дека испораката на овие дози, кои беа наменети да бидат доставени во првиот квартал од оваа година, ќе се одложи сè додека не се исполнат дополнителните барања на Фајзер од длабинската анализа, кои одат многу подалеку од проценките за подготвеност извршени од Регионалниот комитет за проценка, се вели во писмото.

За да го забрза решавањето на проблемот, Ковакс и нуди на БиХ да организира разговори со претставници на Фајзер.

Како што дознава порталот, Фајзер бара од Босна и Херцеговина да потпише договор за надомест на штета и одговорности, доколку сметаат дека постојат законски или финансиски ризици во врска со можниот надомест што може да се појави.

Прочитајте и...  Полска со апел до производителите на вакцини против ковид-19: Споделете ја лиценцата

Во такви околности, Фајзер бара директен договор со државата, кој очигледно сè уште не е завршен.

Од друга страна, Министерството за цивилни работи претходно соопшти дека ги исполнило сите обврски.

Поврзани вести

Незири: На локални избори албанско-македонските коалиции полесно се постигнуваат

Дестан Јонузи

183 санкционирани возачи во Скопје, 29 за брзо возење, 30 санкции за пешаците

Слободен печат

ВИДЕО | Ивановска: Сите активности треба да одат во иста насока, расчистување со корупцијата

Слободен печат

Фридом хаус: Северна Македонија останува делумно слободна земја, корупцијата и натаму предизвик

Слободен печат

Метју Палмер: Меѓусебно признавање е целта на САД во дијалогот Србија-Косово

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Заев најави ново задолжување од 700 милиони евра

Слободен печат

Остави Коментар