БиХ и НАТО: Додик го прифати патот кон НАТО, нека престане да зборува глупости!

Фото: Профимедиа

Бранислав Бореновиќ, претседателот на босанско-српската Партија на демократски прогрес, оценува дека одлуката на БиХ за одење по патот за членство во НАТО е заедничка на целото Претседателство на БиХ, со што се има согласено и Миодраг Додик, кој сега претседава со тоа тело

Одлуките на Советот на министри на Босна и Херцеговина за формирање на Комисија за соработка со НАТО, спроведувањето на „Програмата за реформи во БиХ 2019-2020 година“ и почетокот на постапката за изготвување на „Програмата за реформи во БиХ 2020-2021 година“, се продолжение на патот кон НАТО во БиХ, во согласност со Претседателството на БиХ. На ова потсети претседателот на Партијата за демократски прогрес, Бранислав Бореновиќ.

„Таа одлука ја донесоа Додик, Џаферовиќ и Комшиќ (членовите на Претседателството на БиХ), а тоа значи прифаќање на обврската за испраќање на годишен национален план за членство во НАТО, односно, како што сега се нарекува, Реформска програма, но суштината и обврските во тие документи се идентични. Минатата година ја испратија првата, оваа година втората, а следната третата годишна Реформска програма ќе биде во Брисел. Нема потреба од разни толкувања, донесена е одлука за продолжување на патот кон НАТО и таа се спроведува“, вели Бореновиќ.

На прашањето како го коментира ставот на Додик дека Србија има соработка со НАТО каква што има и Русија, Бореновиќ вели дека тоа се „смешни изговори“.

„Одамна не сум чул поголема глупост! Па, дали некој навистина мисли дека Путин испраќа годишен реформски план до седиштето на НАТО? Додик нека престане да дава вакви глупави изговори и, конечно, нека признае дека тој лично прифатил да извршуваме активности за да влеземе во НАТО-алијансата“, вели Бореновиќ.

Преземено од „Ослобоѓење“ од Сараево

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот