БиХ го презеде претседавањето со Јадранско-јонската стратегија на ЕУ

Босна и Херцеговина го презеде едногодишното претседавање со Стратегијата на Европската унија за јадранскиот и јонскиот регион (EUSAIR), форум преку кој четири земји од ЕУ и шест земји кои не се членки на ЕУ соработуваат во трговијата, животната средина и туризмот .

Албанија претседаваше со иницијативата изминатата година.

Заменикот-министер за надворешни работи на БиХ, Јосип Бркиќ, рече дека неговата земја ќе продолжи да работи на одредени теми „за да го надгради она што е досега направено”, но и да ја приближи БиХ до членството во ЕУ.

– Приоритетите на БиХ за време на нејзиното претседавање со јадранско-јонскиот регион ќе бидат прашањето за младите, особено во контекст на проширувањето на ЕУ. Таа генерациска цел е сè уште пред нас, треба да се заврши, изјави Бркиќ за Хина во Тирана, главниот град на Албанија, каде што се одржува годишниот форум.

Хрватска се приклучи на ЕУ во 2013 година и е последната земја што е примена во блокот од 27 нации.

Европската комисија, извршното тело на ЕУ, ја воспостави Стратегијата за Јадранскиот и Јонскиот регион (EUSAIR) во 2014 година, како начин да ги приближи земјите кандидати и потенцијалните кандидати до Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот