БиХ го повикува францускиот амбасадор на разговор поради изјава на Макрон

Фото: Профимедиа

Кабинетот на претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, соопшти дека утре ќе го повика на разговор амбасадорот на Франција во БиХ, Гион Русин, поради изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека „Босна е темпирана бомба која чука веднаш до Хрватска”.

Од Гиом ќе се бара да ги разјасни ставовите на Макрон, соопшти Кабинетот на Комшиќ.

Францускиот претседател во интервјуто за „Економист” рекол и дека што се однесува до регионов во прашање не биле ниту Македонија, ниту Албанија, туку Босна и Херцеговина поради тоа што се соочува со проблемот со враќање на џихадистите.

– Ако сте загрижени за овој регион (Западен Балкан), првото прашање не се ниту Северна Македонија ниту Албанија, туку БиХ. БиХ е темпирана бомба која чука веднаш до Хрватска и се соочува со проблемот на враќање на џихадистите, рече Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот