БиХ ги отвора границите за граѓаните на Србија, Хрватска и Црна Гора

Од 31 мај, од 24 часот, меѓудржавниот воздушен сообраќај ќе биде отворен, но сите патници, во зависност од која дестинација доаѓаат, ќе го почитуваат постојниот режим.

 Советот на министри на БиХ одлучи да ги отвори границите на државата кон Србија, Хрватска и Црна Гора, а од 1 јуни и аеродромите во БиХ.

Претседателот Зоран Тегелтија најави дека одлуката се однесува само на влез на граѓаните на Хрватска, Србија и Црна Гора и со оглед дека епидемиолошката состојба во регионот во последниве денови е се постабилна.

Аеродромите во Сараево, Тузла и Мостар ќе бидат отворени за меѓудржавен сообраќај од 1 јуни, со почитување одреден режим.

Тегелтија рече дека таа мерка важи и за граѓаните на Црна Гора, и покрај тоа што таа земја, како што рече, нема сличен третман кон граѓаните на БиХ. Ова практично значи дека од 31 мај, од 24 часот, меѓудржавниот воздушен сообраќај ќе биде отворен, но сите патници, во зависност од која дестинација доаѓаат, ќе го почитуваат постојниот режим.

Тоа конкретно значи дека на странците кои не се од соседните земји ќе им бидат дозволени деловни посети со повик од правно лице и негативен тест за коронавирус, што не смее да биде постар од 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот