БиХ: Федералниот парламент по 30 години усвои Закон за безбедност при работа

Фото: oslobodjenje.ba

Домот на народите на Парламентот на БиХ денеска, по 30 години, го донесе Законот за безбедност при работа што ќе стапи во сила по осум дена од објавувањето во Службен весник.

Во соопштението на федералниот министер Васко Дрљача се вели дека фактот што важечкиот Закон е донесен пред 30 години, а подзаконските акти во оваа област се уште постари, најдобро ја одразува потребата од носење на нов Закон за безбедност при работа.

Прашањето за безбедноста при работа е особено актуелно сега поради ситуацијата предизвикана од појава на пандемија на коронавирус. Работните места и работната средина се детектирани како извори на инфекција, поради што е исклучително важно да се применуваат принципите на превенција, со проценка на ризик на секое работно место, да се утврдат и применат соодветни мерки за безбедност при работа кои ќе спречат зараза со коронавирус на работното место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот