БиХ денес треба да ги прими првите вакцини преку Ковакс

Фото: mia.mk

Денес, Босна и Херцеговина треба да прими 49.800 дози вакцини против коронавирус преку механизмот КОВАКС, и ова ќе биде прва испорака преку овој глобален механизам, но и најголема од почетокот на пандемијата.

Ќе бидат доставени 26.400 дози вакцини АстраЗенека и 23,400 дози Фајзер. Оваа достава до аеродромот во Сараево требаше да се изврши вчера, но беше продолжена за денес, пренесува Кликс.ба.

Предвидено е авионот со вакцините од Истанбул да пристигне во 21 часот.

Република Српска успеа да набави руски вакцини Спутник V, додека Федерацијата на Босна и Херцеговина сè уште не успеа во тоа.

Босна и Херцеговина нарача 1,2 милиони дози преку КОВАКС и треба да прими 892 000 дози вакцини од Европската унија.

Повеќето од моментално достапните вакцини во БиХ беа донирани од Србија, а донации најавија и Словенија, Турција и Кина.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот