БиХ: 183 нови случаи на зараза, седум починати

Тестирање за коронавирус во БиХ / фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Во БиХ денеска се потврдени 183 нови случаи на зараза од коронавирус, а седум лица починале од последиците на заразата, објавија здравствените власти.

Во Федерацијата БиХ се тестирани 527 примероци, од кои 158 се позитивни, додека во Република Српска, тестирањето е спроведени на 390 примероци, а заразата потврдена во 14 случаи. Во реонот на Брчко, кој посебно објавува податоци, има 11 новозаразени.

Најмногу новозаразени во изминатите 24 часа има на подрачјето на Сараево, каде се забележани 74 случаи.

Податоците покажуваат дека бројот на новозаразени двојно е помал во споредба со дневниот просек од минатата недела.

Лабораториите тогаш речиси секојдневно бележеа повеќе од 300 нови случаи на зараза, најмногу од појавата на коронавирусот во земјата.

Вкупниот број на потврдени случаи во БиХ од март досега е поголем од 10.500, а бројот на починати 294.

Здравствените власти не најавија никакви дополнителни мерки со цел да се ограничи ширењето на епидемијата, но непрекинато го повикуваат населението на придржување кон постоечките мерки, пред се одржување физичка дистанца и носење заштитни маски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот