Биенале за современи уметности: Тројна програма на „Словокулт – литерАРТура“

Биеналето за современи уметности „Словокулт – литерАРТура“ годинава се одржува во Гевгелија на 4 септември, во Скопје на 7 септември и во Берлин од 12 до 14 ноември 2020. Настанот во Гевгелија е дел од „БОШ фестивал“ на тема „План Б за Планетата Х или План Х за Планетата А“, која е презентирана со дела на ликовни и интердисциплинарни уметници, како Дорит Требелјар, Антон Шварцбах и Ајке Леуен од Германија, Од Карбон од Франција и македонските уметници Елизабета Линднер Костадиновска, Ирена Паскали, Дијана Томиќ Радевска, Славица Јанешлиева, Иван Ивановски, Нина Гештаковска Цветковска, Велимир Жерновски и Марко Вујисиќ.

Главниот дел на настанот е мултимедијален книжевен перформанс (текст/слика/звук), на кој настапуваат авторите од Македонија: Владимир Лукаш, Марија Грубор, Јовица Ивановски, Мануела Златкова, Исток Улчар, Јосип Коцев, Александар Кирковски, македонската авторка од Берлин Елизабета Линднер Костадиновска, германската авторка од Келн, Гундула Шифер, и Звонко Карановиќ од Србија. Мултимедијалниот перформанс содржи и видео презентација на германскиот поет Краус и уредниците на берлинското авангардно списание „Пролог“ – Дорит Требелјар и Антон Шварцбах, како и на Танос Гогос од Грција и Марија Дејановиќ од Хрватска.

Настанот на 7 септември во Скопје ќе се одржи во Културно-информативниот центар со изложба (18 часот) и мултимедијален книжевен перформанс (20 часот), каде на учесниците од Гевгелија ќе им се придружи и Сања Михајловиќ-Костадиновска, а ќе има и видео презентација на Василија Иконому од Грција. Плакатот за второто издание на биеналето е дизајниран од уметницата Катрин Салентин.

Биеналето е во организација на „Словокулт – литерАРТура“ и „Арт еквилибриум“. Уметнички директор е Елизабета Линднер, која соработува со Дијана Томиќ Радевска и Марија Стојанова. За настаните во РС Македонија биеналето има поддршка од Министерството за култура.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 47, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот