Биелса: Најважно е дека Алиоски сака да остане во Лидс!

Фото: EPA-EFE/Shaun Botterill/POOL

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски има договор до крајот на сезоната, завршува преодниот рок, и натаму нема никакви најави за евентуално продолжување на соработката со клубот од „Иланд роуд“.

Нашиот играч е стандарден во првиот состав на менаџерот Марсело Биелса кој денеска за англиските медиуми изјави дека Џани има желба да остане во Лидс.

Во изминатиот период турските медиуми објавија шпекулации дека Галатасарај наводно се договорил со Алиоски.

– Во врска со Алиоски, дали останува или не, ова е само моето мислење. Прво и најважно е дека тој сака да остане. Мислам дека кога станува збор за играч кој останува во клуб, првото нешто, најважното е тоа дека играчот да сака да остане.

Играчот треба да го избере клубот, а потоа ќе одлучат дали го сакаат. Мислам дека доколку Алиоски го избере Лидс, Лидс ќе го избере Алиоски – вели Биелса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот