Биелса му верува на Македонецот: Алиоски пред нов договор со Лидс!?

фото:твитер

Македонскиот репрезентативец има важечки договор до крајот на сезоната со екипата на Лидс, односно до 30 јуни 2021 година.

Езџан Алиоски вчера со својот клуб забележа убедлива победа над Астон Вила (0:3) која од почетокот на сезоната во Премиер лигата знаеше само за триумфи, сè до натпреварот против одличните играчи на менаџерот Марсело Биелса.

Аргентинскиот стратег имаше целосна доверба во нашиот играч кој го одигра целиот меч, фантастичен во одбраната и не му дозволи на противникот ниту еднаш да се радува на погодок.

ВИДЕО: Фантастични Алиоски и Лидс против Астон Вила, хет-трик на Бамфорд!

Претходно Алиоски сезонава настапи во Премиер лигата уште против Манчестер сити (1:1), Шефилд јунајтед (0:1, победа) и Фулам (4:3, победа), единствено не играше во поразите од Ливерпул (4:3) и Вулверхемптон (0:1), иако беше на клупата за резерви. Значи, до сега со Македонецот тимот на Лидс не знае за пораз во најсилната англиска лига.

Англиските медиуми денеска информираат дека можно е Алиоски да добие нов договор од управата на Лидс.

Според „Фудбал Инсајдер“, клубот од „Иланд роуд“ планира разговори околу нов потпис. Извор од Лидс изјави за „Фудбал Инсајдер“ дека клубот е подготвен да го задржи разноврсното крило и сака да му понуди продолжување на соработката.

Биелса го гледа нашиот фудбалер како клучен во неговиот состав и воедно е култен херој на навивачите. Иако не е прв избор како стартер во Лидс, но веќе беше вклучен во четири од нивните шест меча во Премиер лигата.

Фото: Езџан Алиоски – Лидс/twitter/Leeds United

Алиоски има еден гол сезонава за Лидс во Лига купот против Хал сити, но не реализираше од белата точка во пенал серијата преку која беа елиминирани уште во втората рунда од натпреварувањето.

Вкупно 138 пати во дресот на Лидс од летото 2017 година, со 20 голови и запишани 16 асистенции, со одлични игри во Чемпионшип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот