Биелса ќе ангажира големо засилување од ПСЖ!?

фото: твитер

Јулијан Дракслер ова лето би требало да ја напушти екипата на ПСЖ, а неколку клубови се борат за неговиот потпис.

Како што пренесуваат француските медиуми, Драклсер е најблиску до трансфер во Премиер лигата, поточно во редовите на Лидс каде што настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Првите луѓе од „Иланд роуд“ го контактираа 26-годишниот германски играч за врска во нападот, му беше презентиран проектот и наводно одлучи да се пресели во овој тим предводен од менаџерот Марсело Биелса.

Германецот е во последната година од договорот со париските „светци“, трипати ја освои француската „Лига 1“, а минатата сезона беше финалист во Лигата на шампионите.

На репрезентативен план ја освои светската титула во 2014 година, а во 2017 и трофејот во Купот на конфедерации.

Јунајтед носи светски шампион на „Олд трафорд“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот