„Биди одговорен, однесувај се совесно” – кампања за заштита на водоснабдителниот систем во Скопје

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје почна кампања со цел подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и канализацискиот систем под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно”.

Рационалната употреба на водата, информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, го заштитува не само водоснабдителниот систем, туку и правото на секој граѓанин за нормално водоснабдување.

– Дневните навики на граѓаните придонесуваат во заштитата на водоснабдителниот систем и квалитетот на водоснабдувањето до секој дом. Преку три чекори зголемете ја разумната и совесна употреба на водата и одговорноста во вашето однесување во однос на заштита на водоснабдителниот систем: при туширање, миење заби и раце или миење садови, осигурајте се дека водата не тече додека не ја употребувате; осигурајте се дека машината за садови и за алишта, пред употреба се целосно наполнети и редовно проверувајте ја исправноста на состојбата на чешмите, казанчињата и видливите цефки во домот, велат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.

Наша должност, посочуваат, е да одлучиме да бидеме одговорни и да се однесуваме совесно во насока на рационална и разумна употреба на водата, за да има за сите, денес, утре и во иднина.

Злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем граѓаните ќе може да пријавуваат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

– 02 3240 300, Дирекција – k[email protected]

– www.vodovod-skopje.com.mk – www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот