Биди финансиски свесен – биди финансиски писмен

Фото Архива

Еден од поголемите недостатоци во системот на формална едукација во целиот свет е финансиската едукација. Таа треба да има за цел да објасни што да правиме со парите кога ќе ги заработиме.

Најчесто сме навикнати да слушаме „Заврши училиште, најди работа, заработи си пари“.

Но, што значи кога човек ќе заработи пари? Тоа значи дека треба да знае и умее да ги раководи. Со растењето на приходите на една индивидуа, тогаш и потребите неслучајно, се зголемуваат. Одеднаш постои можност за подигнување кредит, но и месечна отплата на рата со кредитна картичка. Или потребно е да се реновира домот, да се обезбедат сите можни услови за образование на децата. Потреби – секогаш има. Но, треба да има и вештина за организирање на вашите пари.

Организацијата за економска соработка и развој, ја дефинира финансиската писменост како „знаење и разбирање на финансиските концепти и ризици, како и вештини, мотивација и самодоверба тоа знаење и разбирање да се примени, како би се донеле ефикасни одлуки во различни финансиски контексти, унапредувајќи ја финансиската добробит на поединецот и општеството“.

Се разбира, различни луѓе – различни потреби и потрошувачки навики. Она што е важно е дека преку финансиската писменост ќе имате сигнал кога ја поминувате црвената линија, или кога трошите повеќе од она што реално, поседувате.

Со ваквото знаење, имате можност заработените пари да ги трошите попаметно, примарно да ги вложите во нешто што ќе ви донесе дополнителни средства, а нема да ви генерира нови трошоци.

Таков пример се можностите и услугите за орочување на средства или детските штедни книшки. За одличните опции на детското штедење можете да го погледнете портфолиото на „Халкбанк“ АД Скопје. А, ако сакате да орочите одредена сума со поволна каматна стапка, имате можност да го направите тоа преку Еволве депозитот.

Едукацијата за финансиската писменост е еден од најважните аспекти на современото живеење, бидејќи сведочиме за турбулентни времиња во економијата, промени на секој чекор, дигитализација и непостојани работни места, а со тоа и несигурни приливи. Затоа е важно да знаеме да раководиме со парите што ги добиваме, а секој денар што е повеќе – да го вложиме на долг рок или во штеден влог.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот