Бидете внимателни, сите средства за дезинфекција не се безопасни

 Сите средства за дезинфекција на рацете и домовите во екот на пандемијата на Ковид-19 не се безопасни, како на пример миењето на прехранбени продукти со раствор од хлор, предупредуваат центрите за токсикологија во Франција, јави дописникот на МИА.

Националната агенција за здравствена безбедност ги предупреди Французите за правилното користење на средства кои можат да се покажат опасни.

На прво место се наоѓа хлорот, средство за дезинфекција но чија употреба за се или било за што може да биде опасна. Како тие кои сакале да го помешаат со средства за отстранување на варовник за даги чистата домовите, забележаа дека тоа предизвикува испарување на токсична пареа од хлор. Раствор од хлор не се препорачува и за миење на овошје и зеленчук, па ниту за миење на рацете. „Хлорот ги убива вирусите, но тој е и отров за човекот, исто како и индустрискиот алкохол”.

Се кажува исто така дека белата алкохолна киселина, не е ефикасна против вирусот.

 Националната агенција за здравствена безбедност исто така предупредува за дома изработените средства, како хидро-алкохолниот гел за дезинфекција, за чија изработка треба строго да се почитуваат дозите. Потоа добиената смеса да се стави во добро препознатливи садови, со етикета, бидејќи ризикот од грешка е голем. Повеќе случаи на труење со гел се сигнализирано, како на деца, така и на возрасни.

Последното предупредување е за етеричните  масла. Агенцијата предупредува дека тие не се средство за борба против коронавирусот, со совет бремените жени и асматичарите да не ги користат и дека тие не служат за дезинфекција на хируршките маски, како што пробале некоиили пак за дезинфекција на домовите.  Како и да се избегнува нивното консумирање за „зајакнување на имунитетот или борба против коронавирусот”.

Меѓу советите за храната, Француската Агенцијата советува:

-За миење на овошјето и зеленчукот советува пред секоја употреба, само чиста вода.

-За производи со амбалажа, ако тие се не се расипливи, откако ќе се донесат дома да се остават три часа пред да бидат складирани. Додека за расипливите, да се извади нивната амбалажа и да се стават во фрижидер, се разбира со миење на рацете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот