Бидете внимателни: Ова убаво растение е опасно за вашите кучиња

Златен ретривер и растението каланхоа / Фото: Profimedia

Сукулентите се популарни како домашни растенија бидејќи бараат минимална грижа, тешко се уништуваат и изгледаат навистина убаво. Некои видови имаат дури и својства за детоксикација, но постои еден сукулент кој сопствениците на кучиња не треба да го чуваат дома. Тоа е каланхоа.

Иако воодушевува со својот шарен цветен изглед налик на роза, каланхоата содржи хемиско соединение кое е токсично за кучињата кога ќе се проголта. Отровните материи во ова растение можат да влијаат на срцето и на нервниот систем на животното.

Иако кучињата обично не грицкаат зеленило, некои кучиња џвакаат растенија од досада или во обид да го смират вознемирениот стомак, несвесни за опасноста. Ако внесете ново растение во домот, поверојатно е дека вашето домашно милениче, поттикнато од љубопитност, ќе сака да го истражува. Кучињата се особено склони да истражуваат и џвакаат сè што им е ново и непознато.

Фото: Irina Naoumova / Alamy / Alamy / Profimedia

Најдобар начин да го заштитите вашето куче од токсични растенија е, едноставно, да не внесувате каланхоа во вашиот дом. Ако веќе имате каланхоа дома, тоа не значи дека треба да го исфрлите, но дефинитивно треба да се премести подалеку од дофат на кучето, на пример, на висока полица или во просторија што е затворена кога не се дома.

Дури и мала количина на каланхоа може да предизвика знаци на труење кај кучето. Симптомите вклучуваат прекумерно лигавење, дијареа, повраќање, проширени зеници, па дури и напади. Има и симптоми кои нема да ги забележите однадвор, како што се неправилно чукање на срцето или брз или бавен пулс.

Ако кучето изеде голема количина од ова растение, последиците можат да бидат фатални доколку веднаш не побарате ветеринарна помош. Ако се сомневате дека вашето куче проголтало дел од каланхоа, веднаш повикајте го вашиот ветеринар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот