БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Ако ОВОЈ производ е со поминат рок, може да предизвика сериозни изгореници

козметика
Фото Профимедиа

Луѓето често се однесуваат неодговорно со козметичките производи и ги чуваат несоодветни, па така доаѓа до пребрзо сушење на маскарите, ветреење на парфемите или губење на пигментите во шминката.

Истото важи и за кремите и лосионите со заштитен фактор. Со текот на времето тие ја губат својата ефикасност, особено поради тоа што не ги чуваме соодветно. Често лосионот за сончање е изложен на топлина и на сонце, а тоа значително му го скратува рокот на траење што е наведен на пакувањето.

Пред повторно да ги употребите минатогодишните лосиони и креми, проверете дали треба да ги замените. Секоја промена во мирисот и структурата значи дека мора да купите нов производ.

Доколку нанесете од лосионот со поминат рок и се сончате, ризикувате да се здобиете со ужасни изгореници од сонцето, но и со дополнителни иритации поради неисправноста на производот.

НАПРАВЕТЕ САМИ: Домашно антицелулитно масло (РЕЦЕПТ)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот