Бидете сензуални и впечатливи и во летните месеци

Во летниот период кога кожата е изложена на сончевите зраци, шминката создава непријатност за женскиот пол. Потењето на кожата не е во склад со производите за убавина.

За нашите дами нудиме практични совети, како да изгледаат убаво и во текот на летото.

– Пудрите со мат изглед се одлични за летните месеци, а во исто време го намалуваат сјајот на кожата.

– Тонираната крема со заштитен фактор, ја негува кожата од силните УВ зраци од сонцето. Меѓу другото, ги покрива неправилностите на лицето.

– Кремастите сенки со кафена или сива боја даваат природен изглед. Розевата боја или нежната портокалова во текот на денот, овозможуваат свежина на лицето.

– Водоотпорна маскара, нанесена во мали количини. Со неа можете да пливате, а нема да се размачка ниту од пот.

– За образите бронзер во летните денови. Нанесете го под јаболчниците со што се изразува линијата на образот. Доколку имате сè уште неисончан тен, можете да употребите потемна боја на бронзер.

Доколку пак сте сончани, руменилото е добар избор за осветлување на Вашето лице.

– Сјај во бојата на усните или балзам со заштитен фактор. За да не бидат пренагласени усните, додадете хидратантен балзам. Со тенок слој на хартиено шамивче соберете ја поголемата количина, така ќе добиете природен изглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот