БИБЛ: ТФТ поразен од лидерот Академик

фото: БИБЛ Лига

Кошаркарите на ТФТ го доживеа и вториот пораз на мини турнејата во Бугарија во рамките на БИБЛ Лигата.

По поразот од Берое, денеска ТФТ е поразен и од лидерот на табелата Академик со 80:75 иако лесно можеше да се случи македонскиот тим да слави.

Македонскиот дебитант во балканската регионална лига одржуваше резултатска неизвесност на гостувањето кај Академик до самиот финиш, но, на крајот, сепак, пресуди искуството во редовите на лидерот во БИБЛ лигата.
Најефикасен во редовите на екипата од Скопје беше Американецот Тај Херис со 24 поени.

ТФТ пред два дена загуби на гостувањето во Стара Загора против Берое со 108:73 и по шест одиграни натпревари во БИБЛ лигата има скор од две победи и четири порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот