БИА: Снимката со рускиот шпион и српскиот функционер е АВТЕНТИЧНА

Фото: Принтскрин

Безбедносно информативната агенција (БИА) ја потврди автентичноста на снимката на која се наоѓа рускиот припадник на воено разузнавачката служба Георгиј Клебан, кој дава пари на српски функционер.

Снимката на 17 ноември е објавена на Јутјуб, а нејзината автентичност претходно беше потврдена од угледниот истражувачки новинар Христо Грозев на неговиот Твитер профил.

Од друга страна Политика.рс вели дека видеото во кое рускиот разузнавач наводно предава пари на српски офицер е старо неколку години. Покрај тоа, како што дознава Политика.рс, лицето за кое се тврди дека е српски службеник со ранг на офицер не е член на српските безбедносни структури. Со други зборови, тој е цивил кој најверојатно тргувал со деловни податоци.

Тоа го објави денеска порталот Политика.рс, при шпионската афера која го дигна на нозе целиот српски врв.

Како што денес изјави Брнабиќ, „зборував со претседателот Вучиќ, тој и наложи на Агенцијата за воена безбедност да го испита случајот. Сè уште ги немаме сите податоци, ако се испостави дека е точно, тогаш тоа ќе биде сериозно и проблем за нас.

Случајно или не, како што денес објави РТС, во „Москва во дводневна посета престојува министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ по повод состаноци со високи службеници за безбедносни прашања и се сретна со секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Николај Патрушев.

– Патрушев ја истакна поддршката за развој на соработката меѓу двете држави во областа на безбедноста, но и за други прашања кои се од национален интерес за Србија. Тој додаде дека за тоа придонесувааат и состаноците на највисоките претставници на Србија и Русија, кои даваат дополнителен импулс и динамика во развојот на односите, соопшти РТС, која додава дека Стефановиќ и Патрушев разговарале и за тековните безбедносни предизвици со кои се соочува целиот свет, вклучително и Србија и Русија, истакнувајќи дека сегашната безбедносна состојба е сложена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот