„Би можеле да дојдеме таму среде ноќ, одеднаш“: Ердоган најави анти-терористичка акција во северен Ирак

Реџеп Таип Ердоган/ Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Турција би можела да започне заедничка анти-терористичка операција со Ирак за да ги исфрли „терористите“ од Работничката партија на Курдистан (ПКК), од северната ирачка покраина Синџар, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Одговорајќи на прашање за потенцијална заедничка операција во Синџар, Ердоган рече дека тоа е можно, но одби да потврди дали таква операција ќе се случи во блиската иднина, пренесува Дејли Сабах.

– Турција секогаш е подготвена да спроведе заеднички операции против ПКК со Ирак, но не можеме отворено да го објавиме датумот на таквите операции, рекол претседателот за новинарите.

– Би можеле да дојдеме таму среде ноќ, одеднаш, додал Ердоган, користејќи ја како што наведува „Дејли Сабах“, познатата фраза која ја рекол пред Турција да изведе прекугранични операции во северна Сирија.

Групата ПКК, која Турција ја смета за терористичка организација, успеа да воспостави упориште во Синџар во средината на 2014 година под изговор дека ја штити локалната заедница од Исламска држава.

Од тогаш ПКК наводно основа нова база во тоа подрачје за своја логистичка и командно-контролни активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот