БИ ГИ ПРОДАЛЕ ЛИ ЗА ТОЛКАВА СУМА? Колку чини разоткривањето на Беквалац и Карлеуша?

Фото Курир.рс

Продукцијата на реалното шоу „Парови“ е подготвена да им исплати по 100.000 евра на Лука Лазукиќ и Огњен Врањеш, дознава српски „Курир“.

Намерата на организаторите е јавно да бидат разоткриени и највалканите детали за овие две музички ѕвезди. Тие се подготвени, ако е потребно, да платат и многу повеќе и да ѝ го понудат на публиката точно она што го бара – сочни информации за двете можеби најпопуларни пејачки во Србија и целиот Балкан.

За потсетување, разводот и насилството на Лука Лазукиќ и Наташа Беквалац, како и љубовниот триаголник меѓу Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ и Огњен Врањеш беа најактуелните теми од балканската естрада минатата и оваа година.

Продукцијата смета дека токму овие двајца учесници може да понудат шоу што ќе биде интересно за јавноста и со тоа ќе се задржи гледаноста на „Парови“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот