Би-Би-Си пишува за аерозагадувањето на Балканот: Градовите се меѓу најзагадените во светот

Во градовите ширум јужна Европа нивото на загадување достигна опасни размери, а тоа се должи на сувото и ведро време, како и недостатокот на ветер, пишува Би-Би-Си.

Оваа медиумска куќа јавува и за протестите ширум Босна и Херцеговина. Би-Би-Си потести дека во средата стотици граѓани на Тузла излегоа на улиците со заштитни маски за да побараат итна реакција од властите.

Според Би-Би-Си, Сараево е меѓу најзагадените градови во последните денови, а зад него следат и главните градови на Србија и Македонија, Белград и Скопје.

Освен градовите на Балканот, Би-Би-Си пишува и за аерозагадувањето во Италија и како тие се борат против овој акутен проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот