„Би-Би-Си“ отпушта уште 450 вработени во филијалата во Англија

Според планираното преструктуирање, мрежата на локалните радиостаници и регионалната телевизија на филијалата на Би-Би-Си во Англија ќе претрпат значителни промени.

Со цел да ги намали трошоците и да ги преструктуира своите локални редакции „Би Би Си“ најави отпуштање на 450 работници.

Според главниот британски синдикат на новинари, овие намалувања на вработените ќе имаат сериозно влијание врз покривањето на локалните вести.

Укинувањето на 450 места од вкупно 3.000 во филијалата на Би-Би-Си во Англија ќе доведе до заштеда од 25 милиони фунти до крајот на март 2022 година.

Во јуни, Би-Би-Си соопшти дека укинува 150 работни места во Шкотска, Велс и Северна Ирска, со што вкупниот број достигна 600 укинати работни места.

Според планираното преструктуирање, мрежата на локалните радиостаници и регионалната телевизија на филијалата на Би-Би-Си во Англија ќе претрпат значителни промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот