„Би-Би-Си“:  Олимписките игри 2030 може да се вратат во Сараево?

EPA/FEHIM DEMIR

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) се уште го нема одредено домаќинот на Зимските олимписки игри 2030 година, а моментно три града се во трка за добивање на организацијата.

Шефот на комисијата која ги разгледува апликациите за ЗОиИ 2030, Октавиа Морариу,  открива дека домаќинот ќе се избира помеѓу Солт Лејк Сити кој беше организатор на ЗОИ 2002 година, Сапоро кој беше домаќин во 1972 година и шпанскиот град Барселона која во 1992 година ги организираше Летнитеолимписки игри .

Според БиБиСи, токму шпанскиот град има големи шанси да ја добие организацијата која би ја делела со Андора каде би требало да се одржуваат скијачките натпреварувања.

Но, бидејќи во Андора нема услови за одржување на натпреварите во ски скокови, БиБиСи сензационално објави дека како опција за домаќин на овие натпреварувања е и Сараево. Главниот град на БиХ беше домаќин на ЗОИ 1984 година и сигурно е дека може да одговори на строгите критериуми на ИОК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот