Би-би-си направи интервју со Тамара од Македонија, една од креаторките на лажните вести

Би-би-си пишува дека во Северна Македонија, постои мала индустрија на веб-страници кои објавуваат лажни политички информации за американските читатели. Статијата продолжува со интервју со Тамара од Македонија која побарала да остане анонимна за да го заштити своето семејство, а е една од лицата кои се прославија низ светот со лажните вести за американските избори.

Тамара раскажува како ги преработувала фабрикуваните или лажните статии за две големи веб-сајтови со седиште во Македонија наменети за американските читатели. Нејзината работа била да објави полуплагирани примероци на статии кои првично биле објавени во американски екстремно десничарски сајтови.

Приказната на Тамара со лажните вести започнува во април 2017 година кога добива телефонски повик од пријател кој и вели дека има можност да работи од дома и добро да заработи. По прифаќањето на оваа идеја, Тамара разговара со извесен Марко кој и ја нуди оваа работа.

Тамара која за себе вели дека има либерални гледишта била вознемирена од содржината на статиите кои требала да ги пишува.

-Верувам дека сѐ уште имаат најлоши статии, вели таа, отворајќи нов таб на нејзиниот лаптоп и отварајќи ја  веб-страница од која редовно ја копира содржината. Како што можете да видите, јас само напишав „муслиманските напади“ и се појавуваа толку многу статии за муслиманите кои ги напаѓаат луѓето. Многумина од овие верувам дека не се ни вистинити, вели Тамара за Би-би-си.

Целото интервју на Тамара со новинар од Би-би-си можете да го погледнете на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот