Би-Би-Си му се извини на принцот Хари за фотографијата на која е прогласен за „предавник на својата раса“

Profimedia
Фото: Профимедиа

Британската Би-Би-Си упати извинување за принцот Хари, откако објави фотографија на неонацистичка група, на која на членот на кралското семејство му е вперен пиштол во главата. Освен пиштолот, на фотографијата има и кратка порака на која пишува „предавник на расата“.

Фотографијата се појави на веб-сајтот на Би-Би-Си, но и во емисијата „Вести во 10“, како илустрација за истрагата околу десничарски екстремистички групи која телевизијата ја спровела. Во описот стои „Се гледаме подоцна, предавнику“, што сугерира на фактот дека принцот треба да биде пукан со пиштол поради бракот со Меган Маркл, чија мајка е Афроамериканка.

Принцот Хари се пожали дека поради заканувачката фотографија морал да го зголеми обезбедувањето, и дека целата ситуација ја ставила во невојла и неговата сопруга Меган.

Би-Би-Си ја отфрли таа забелешка, истакнувајќи дека објавувањето на фотографијата било од јавен интерес.

Сепак, во меѓувреме изгледа дека раководните лица одлучиле да го променат мислењето, па на принцот му упатиле писмено извинување поради тоа што минатиот декември ја објавиле оваа фотографија, без тој да знае за тоа. Во писмото исто така ветиле дека ќе бидат повнимателни кога станува збор за чувствители содржини слични на овие.

Портпаролот на принцот Хари го поздрави извинувањето и посочи дека Би-Би-Си беспричина овозможиле и дале простор на фотографија, која во спротива не би го привлекла вниманието на јавноста.

Извор од Би-Би-Си потоа изјави дека за нив приказната за неонацистите кои испраќаат закани за членови на кралското семејство биле важни и дека жалат затоа што не ја предупредиле кралската палата на време, пишува „Сан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот