Би-Би-Си: „Кралот на криптовалутата” уапсен во Бразил

Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Бразилецот Клаудио Оливеира, кој себеси се нарекува „крал на криптовалутата” е уапсен под обвинение за проневера на околу 300 милиони долари, кои припаѓаат на инвеститори, објави Би-Би-Си.

Оливеира беше претседател на групата Биткоин Банко, криптовалутна група која блокираше сметки на клиенти пред три години и објави загуба на 7.000 биткоини.

На прес-конференција, полицијата во градот Куритиба во бразилската држава Парана го идентификуваше Оливеира како водач на криминална организација вклучена во перење пари и проневера на стотици милиони долари во крипто-валута, како и во нарушување на стечаен процес. Оливеира и другите вработени во групата Биткоин Банко имаат пет потерници за апсење и 22 за потрага, се вели во соопштението на полицијата.

Сметките поврзани со групата се блокирани.

Акцијата, под кодно име „Даемон”, беше спроведена по истрагата започната во 2019 година врз основа на поплаки од наводни жртви на измама на кои не им беа вратени парите вложени во криптовалута. Неколку месеци подоцна, групата соопшти дека е хакирана и како резултат на тоа изгубила 7.000 биткоини (околу 240 милиони долари по тековен курс) и не може да ги исполни своите обврски за враќање на депозитите. 

Има илјадници жртви на проневерите на Оливеира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот