Би-Би-Си: Искусни ЕУ дипломати гневни поради блокадата на Северна Македонија и Албанија

Многу искусни дипломати од ЕУ се гневни по блокадата на Северна Македонија и Албанија за почеток на преговорите за членство од страна на Франција и две-три други земји членки, јави Би-Би-Си.

Според британскиот јавен радиодифузен сервис, „поразот” дојде по препораките за старт на преговорите со двете земји од Европската комисија и Европскиот парламент.

Претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер изјави дека „ова е голема историска грешка” и порача оти „се надева дека тоа е само привремено”, додека првиот човек на Европската совет,  Доналд Туск изјави дека „тоа не е пораз, туку грешка” и дека „се чувствува посрамен”, наведува Би-Би-Си.

Според телевизијата, Франција била единствена земја што го блокирала почетокот на преговорите со Северна Македонија, додека Холандија и Данска му се придружиле на францускиот претседател Емануел Макрон во спротивставувањето на стартот на преговарачкиот процес со Албанија. Макрон порача дека Северна Македонија и Албанија треба да одат во пакет и дека е потребно реформирање на процесот на проширување.

Прочитајте и...  Фрчкоска: Ја однеле Јанева во ДЗР без никаква најава, не и биле овозможени нејзините права

– Ова е полемика за визијата. Потребна е реформа во правилата за проширување. Не треба да отвораме преговори за членство со Северна Македонија, пред Албанија, треба да има мнозинство за преговори со двете (земји) заедно. Треба да направиме повеќе да им помогнеме на тие земји да се развијат, а не само да даваме ветувања, ја пренесува Би-Би-Си изјавата на францускиот претседател на вчерашната прес-конференција.

Британскиот сервис наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека постои „разочараност” од одлуката, но дека „прашањето ќе биде разгледано на самит за Западниот Балкан на почетокот на идната година”. Според неа, Французите сакале процесот за проширување да биде потранспарентен.

– Има различни оценки што овие земји треба уште да направат. Некои велат тие не направиле доволно. Северна Македонија заврши прилично многу работа, изјави Меркел.

Прочитајте и...  Пауновски: Еден од инспекторите од Куманово позитивен на Ковид-19, оставете ги инспекторите да си ја вршат работата

Би-Би-Си потсетува и дека еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги обвини лидерите на ЕУ за неисполнетите ветувања кон двете земји. – Земјите членки сега треба да објаснат колку сериозно се посветени на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, изјави тој.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, пак, предложи преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија да се „рестартираат” во ноември, опишувајќи ја одлуката како „историска грешка”, додека неговиот белгиски колега Шарл Мишел вети дека прашањето нема да биде одминато, најавувајќи дека ЕУ „ќе гледа подоцна да се наврати на оваа дебата, додава Би-Би-Си.

Прочитај повеќе

Градоначалничката на Вашингтон бара повлекување на Националната гарда од главниот град

МИА Агенција

Демонстрантите во САД бараат реформи во судството и полицијата

МИА Агенција

ОЈО Велес отвори предмет по повикот за масовно одење во верските храмови

Слободен печат

За да го избегнат полицискиот час граѓаните „бегаат“ во Маврово, Струга и Охрид (ФОТО)

Слободен печат

Прославите на Бајрам отворија ново коронажариште во Германија: Тие Балканци мислат дека правилата за нив не важат

Слободен печат

„„Виз Ер” ја продолжи суспензијата: До 14 јуни нема да има летови до и од земјава

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

Шпанија се предомисли, не ги отвора границите во јуни

Слободен печат

ОЈО загуби професионалец и голем пријател, почина поранешниот обвинител Славчо Станков

Слободен печат

Столтенберг: НАТО продолжува да ја поддржува меѓународната борба против тероризмот

Слободен печат

АНКЕТА: Штом не ги почитуваме мерките, нека има полициски час

Михаило Донев

Изгласана доверба на полската влада

Слободен печат