Би-би-Си и други изданија посочија руски генерал за главен осомничен во уривањето на МН-17

Авион / Фото: Архива

Според истрагите, Бурлака досега е највисок функционер осомничен за авионската катастрофа.

Криминалист од Националниот центар за медиакриминал на универзитетот Колорадо од Денвер, Каталин Григорас, по спроведената експертиза закажана од изданието Инсајдер, го утврдил идентитетот на еден од главните осомничени во уривањето на патничкиот Боинг МН-17 над источна Украина во јули 2014 година.

Како што јави денеска Би-би-си, се работи за генерал-полковник Андреј Бурлака, раководител на пограничната служба на Федерална служба за безбедност (ФСБ) на Русија.

Покрај Инсајдер, свое истражување спроведе и истражувачката група Белингкет. Новинарите дошле до истиот резултат независно. Според истрагите, Бурлака досега е највисок функционер осомничен за авионската катастрофа.

Во материјалите и аудио снимките од телефонски разговори објавени од Заедничкиот истражен тим (ЈИТ), составен од експерти од Австралија, Белгија, Холандија, Малезија и Украина, се споменува некој „Владимир Иванович”, командир на воените операции во источна Украина. Би-би-си и двете други изданија соопштија дека лицето е поврзано со набавки, и дека луѓето кои лично разговарале со него кажале за британскиот сервис дека тој човек е Бурлак.

Професорот Григорас во својата експертиза заклучил дека снимките од телефонските разговори со гласот од јавните настапи на Бурлака се совпаѓаат 94 посто. Слична експертиза за Би-би-си извршил и специјалист од лабораторијата „Мартин Бери форнсик сервисес”. Тие дошле до заклучок дека гласовите целосно се совпаѓаат но дека има варијации во нивниот тон.

Според информациите на Белингкет, во 2014 и 2015 година тој постојано патувал на релациите Ростов, Крим и Краснодар, трите центри од каде, според изданието, се раководело со воената операција во источна Украина.

Летот МН-17 на релација Амстердам- Куала Лумпур беше урнат над украинската провинција Донбас на 17 јули 2014 година, при што загинаа сите 298 патnици и членови на екипажот. Истрагата смета дека авионот можеби бил соборен по грешка, но се тврди дека ракетниот систем „Бук” со кој е соборен патничкиот авион е донесен од Русија.

Русија негира дека има врска со трагедијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот