Би-Би-Си го „скенира“ Ѓоковиќ: Чекањето во ред за леб и млеко како дете му ја дава силата за успесите

twitter/#AusOpen

Новак Ѓоковиќ со осмиот триумф на Австралија Опен го привлече вниманието на светските медиуми, а меѓу нив беше и британскиот јавен сервис.

Ѓоковиќ во маратонско финале кое траеше четири часа во пет сета го победи Доминик Тим. Српскиот тенисер притоа успеа да направи пресврт бидејќи губеше со 1:2 во сетови, а големиот успех, Би-Би-Си го опиша на следниот начин:
„Моравме да чекаме во ред за леб, млеко и вода“ – тешкото детство го инспирира Ѓоковиќ.

Првиот тенисер на АТП ранг листата, вели дека токму чекањето во ред за да купи леб во тешките времиња за Србија му даде внатрешна, челична сила која беше неопходна за победа над Доминик Тим.

Ѓоковиќ за време на финалето имаше и физички (здравствени) проблеми, а влезе и во кавга со главниот судија, но успеа сето тоа да го надмине и на крајот да слави.
– Дојдов буквално… без ништо, а во таа беспарица бев заедно со семејството и мојот народ. Затоа успеав да пронајдам дополнителна сила за предизвикот, а потоа и да направам пресврт – открива Ѓоковиќ.

Со триумфот над Тим, Новак дојде до 17. грен слем турнир и им се приближи на Рожер Федерер (20 грен слем титули) и Рафаел Надал (19).

Би-Би-Си исто така пишува дека Ѓоковиќ својот 12. роденден го прославил во Белград во мај 1999 година, кога неговата земја беше бомбардирана од НАТО.

– Моето детство го поминав во тешки времиња за мојата земја, бевме под санкции и поради тоа моравме да чекаме во редици за леб, меко, вода и останати основни животни потреби. Таквите работи ве прават посилен и станувате гладен за успех без разлика во која област работите. Тоа најверојатно беа моите темели за сегашниот успех. Кога и да се потсетам на тие времиња, кога ќе се потсетам од каде доаѓам, добивам мотивација да продолжам да се борам уште посилно – е заклучокот на Би-Би-Си пренесот преку зборовите на Новак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот